Промоција на нов сингл: „Heidi šeće psa“ ќе ги воодушеви љубителите на синт-попот од 80-тите години
Гостивар, 28 октомври 2025 – „Ne kladim se na nas“ („Не се обложувам на нас“) е новата песна на бендот „Heidi šeće psa“ (Хајди шета куче), која со својот звук и атмосфера нè враќа во осумдесеттите години на минатиот век . Во оној период кога електрониката се вмеша во поп-музиката, создавајќи го она што денес го нарекуваме ретро синт-поп. Радиската промоција за закажуваме за во емисијата „За прв пат на радио“ која ќе се емитува во 12:00 часот на 106,4, фрекфенцијата на RADIO G и на онлајн платформите на кои се емитува лајв програмата.

Со оваа песна, „Heidi šeće psa“ ќе продефилира низ радио-етерот, оставајќи зад себе само добри вибрации.
Сепак, не е сè во песната ретро – зад неа стои современа продукција на ценетиот Срѓан Секуловиќ Сканси, текстот го напиша Хрвоје Борошиќ, а музиката ја создадоа Хрвоје и Смиљана Штрбац Хајди.
„Оваа песна е сосема поинаква од сè што досега сме снимиле. Многу ѝ се радувам затоа што повторно направивме нешто ново, а и затоа што одамна сакав да создадеме песна во која главниот збор ќе го имаат клавијатурите и танцовиот ритам – и со која, на модерен начин, ќе му се приближиме на препознатливиот звук на осумдесеттите. Мислам дека со оваа песна целосно успеавме во тоа и едвај чекам да ја претставиме на нашата публика“, изјави Хајди.

Ретрото денес е повторно во мода, па затоа „Ne kladim se na nas“ има огромен радио-потенцијал — а ќе биде интересно да се види и видеоспотот што бендот наскоро ќе го сними.
згм
Коментарите се затворени.