Во Горна Бањица  се уредуваат улици во вредност од девет милиони денари

Гостивар, 17 ноември 2025 – Локалната самоуправа промовира една асфалтирана улица во гостиварското село Горна Бањица. Вршителот на должноста градоначалник, Ваљбон Лимани напомена дека станува збор за проект со кој се опфатени уште три краци на улица чија вредност е девет милиони денари. Тој посочи дека на преостанатите три ќе се работи во наредниве денови во зависност од временските услови.

– Промовираме крак од улица со должина од 230 метри и е дел од проектот кој треба значително да ја подобри патната инфраструктура во ова село и да им го олесни секојдневието на жителите, рече Лимани.

Претходно, општината инвестираше во едно од најбројните села во други инфраструктурни проекти за подобрување на канализациската мрежа и собирање на отпадните води.

згм

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar