Невзат Бејта влезе во трката за градоначалник на Гостивар

Гостивар, 11 декември 2025 (МИА) – Невзат Бејта на повторените избори за градоначалник на Гостивар, ќе го бара третиот мандат. Тој синоќа на неговиот профил на Фејсбук ја објави кандидатурата и дека ќе има поддршка од коалицијата ВЛЕН-ВРЕДИ.

– Почитувани граѓани на Гостивар, согласно резултатите од анкетите и по консултациите со лидерите на ВЛЕН, беше одлучено кандидат на ВЛЕН за овие избори во Гостивар да бидам јас. За официјализирање на ова иницијатива, чија единствена цел е доброто на градот и граѓаните на Гостивар, утре во 12:00 часот ќе ја поднесеме кандидатурата до Општинската изборна комисија, стои во објавата на Бејта.

Во обраќањето до граѓаните, Невзат Бејта тој упати покана да го придружуваат во поднесувањето на кандидатурата во малиот парк до општинската зграда. Бејта изминативе дваесетина години изгради богата политичка кариера. Беше во два наврати градоначалник на Гостивар (2005-2009 и 2013-2017), претходно пратеник од редовите на ДУИ, потпретседател на партијата и министер за локална самоуправа. Тој беше кандидат на ДУИ и во 2021 година кога за и загуби во вотриот круг од Арбен Таравари.

Невзат Бејта е вториот кандидат кој влегува во трката за градоначалник на општина Гостивар на повторените избори, откако Ваљбон Лимани вчера ги поднесе документите до ОИК.

згм

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar