Расчистено убиство на жена во гостиварско, осомничениот зад решетки

Гостивар, 12 декември 2026 (МИА) – Едно лице е лишено од слобода сомнение дека извршило убиство. Телото на жената која беше пријавена за исчезната, бил најдено закопано во дупка. Случајот е расветлен откако сопругата на осомничениот дала исказ со кој се откриваат детали за грозоморниот настан.

Од СВР Тетово информираат дека денес Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.М.(53) од с. Неготино, општина Врапчиште. Тој се сомничи за сторено кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик.

– Имено, на 09.12.2025, Ј.М.(34) од гостиварско пријави дека неговата мајка Х.А.(53) од с. Равен, гостиварско, се оддалечила од домот. Подоцна на безбедносни камери забележал дека на 07.12.2025 таа влегува во патничко возило „фиат“, по што е недостапна на телефон,

Синот Х.А. пријави дека на безбедносните камери забележал дека ноќта помеѓу 06.12. и 07.12.2025 осомничениот С.М. влегол и пребарувал во неговата куќа и дека биле одземени пари од неговата соба. По пријавата, вчера С.М. беше лишен од слобода поради сомнение дека ја принудил Х.А. да замине од домот со него.

Портпаролот Фатмир Реџепи, посочува дека по преземени мерки во врска со случајот, по извршени проверки на видеозаписи, констатирано е дека пријавениот дал лажен исказ во полициска станица. Воедно, од добиениот листинг на повици утврдено е дека Х.А. последен пат имала контакт со него на 07.12.2025 денот кога исчезнала.

– Подоцна, со судска наредба, извршен е и претрес во домот на С.М., по што од слобода е лишена и неговата сопруга Ѓ.В.(48). Во службен разговор во полициска станица, Ѓ.В. признала дека нејзиниот сопруг С.М. со пиштол ја убил Х.А., а го посочила и местото каде е закопана, рече Фатмир Реџепи портпарол на СВР Тетово

После тоа, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар во присуство на јавен обвинител извршија увид на местото во атар на село Неготино каде било пронајдено телото на Х.А. По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција.

згм

 

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar