Александар Радически ќе се претстави со изложба на ретро предмети и телефонија
Гостивар, 16. декември 2025 – Уметникот и колекционер Александар Радически ќе се претстави пред љубителите на уметноста и старините со изложба која по многу нешта е единствена. Ова е негово трето претставување пред публиката, но на малку поразличен начин и тема „Поглед кон минатото“.
Тој за најновата изложба ќе содржи предмети кои датираат од 1717 година па до крајот на 20 век. Особено атрактивни ќе бидат неколку реставрирани телефонски апарати. Особено се интересни и колекциите од домашни предмети.


Александар Радически на гостиварската јавност па и пошироко како уметник и колекционер. Тој со своите дела: фотографии, рачни изработки од дрво и 3Д слики (инсталации) од камчиња и природни материјали бил учесник на многу изложби и конкурси како и телевизиски гостувања. Тој ја создал и поседува колекцијата од над 25.000 камчиња. Последната негова пасија се „фиксните“ телефони и засега има 200 кои датираат од Првата светска војна па се до 1986 година, а собира и стари, ретро предмети. Еден датира од 1717 а во колекцијата има такви кои се создадени во втората половина на 20-тиот век. Изложбата ќе се одржи на 21 декември во Центарот на култура АСНОМ и започнува во 19:00 часот.
За овој наш уметник пишуваваме во RADIO G и претходно

Коментарите се затворени.