ЖКК Гостивар 2009 во недела игра дерби за првото место
Гостивар, 19 декември 2025 – Еден од најуспешните клубови од нашиот град ЖКК Гостивар 2009 во недела ќе биде домаќин на дерби натпреварот во Втората кошаркарска лига.

Девојките под водство на Кире „Мурињо“ оваа сезона ја играат во одличен ритам и пред самиот крај на првиот дел имаат ист број бодови (11) со Гевгелија. Од клубот упатуваат апел до публиката и љубителите на спортот да дојдат во поголем број и ги поддржат во остварување на планот, да се „презими“ на првото место. Натпреварот со директниот конкурент за лидерската позиција, ЖКК Гевгелија се игра од 14 часот во спортската сала „Младост“.

Со спортско навивање и приредување на атмосфера за паметење ќе покажеме дека Гостивар ја сака и живее кошарката.
56
Коментарите се затворени.