Изложба „Поглед кон минатото“ антиквитети, телефони и предмети од 18 до 20 век

Гостивар, 23 декември 2025 – Александар Радически со изложбата насловена „Поглед кон минатото“ пред гостиварската публика ја претстави колекцијата на ретро предмети и телефонија. Во галеријата на центарот за култура АСНОМ во Гостивар, овој млад уметник и колекционер, освен импозантната колекција на „фиксни“ телефонски апарати, изложи разни антиквитети и предмети (домашен прибор, монети, часовници) од кои некои датираат од 1717 година до втора половина на 20-тиот век.

Александар Михајловиќ како рецензент на каталогот за овој трет јавен настап на Радически ќе каже:

– Неговата работа е тивко, но силно сведоштво за убавината на минливоста, за вредноста на материјалите што ги игнорираме и за уметноста што успева да им даде нов живот.

Според Михајловиќ изложените предмети стануваат симбол на носталгија, комуникација и прекинати разговори и низ нив истражува како технологијата ја обликува човечката меморија и како предметите задржуваат приказни што ние одамна сме ги заборавиле.

Според корецезентката, Валентина Тасеска изложената колекција на Александар рече дека изложените предмети склопени во една поставка, отвора прозорец со поглед кон минатото и со ретро предметите нè враќа назад низ историјата. Таа во обаќањето потсети на тој ја привлекува јавноста со неговите изложи и обидите како фотограф и уметник.

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar