Гостиварските моторџии ќе делат новогодишни пакетчиња (недела 11 часот)
Гостивар, 25 декември 2025 – Членовите на мотоклубот Go Bikers најавуваат настан во недела во 11 часот кој ќе ги израдува децата во нашиот град. Во серијата хуманитарни активности за крајот од годината тие овозможат Дедо Мраз на мотор да го посети Гостивар, кој со себе ќе носи радост и волшепство пред Божиќните празници. Според најавата од клубот:
„Дедо Мраз со својата мото дружина од мотоклубот GO BIKERS од Гостивар ќе помине низ главните улици на градот, а на градскиот плоштад ќе дели подароци и топла порака до сите деца. Целта е да се создаде претпразнична атмосфера и да се донесе насмевка на лицата на најмладите“ велат од клубот GO Bikers.
Покрај делење на новогодишни пакетчиња и забава со маскоти за најмладите ќе се дели топол чај, а ќе се има и можност за сликање со Дедо Мраз. Моторџиите ќе направат дефиле низ градските улици, а програмата и делењето на пакетчињата ќе започне на градскиот плоштад од 11 часот (28.12.2025 – недела). Не ја пропуштајте оваа необична новогодишна прослава, со мотори и многу радост за најмалите. Предвидено е да се поделат околу 800 пакетчиња.

Настанот ќе биде збогатен и со симулациска вежба која ќе ја изведат волонтерите на ОО Црвен Крст Гостивар. Тие, низ практичен пример ќе прикажат како се дава прва помош во случај на повреда од пиротехнички средства.
Коментарите се затворени.