Арсенал од муниција сокриен во буриња најден при ископ на земја
Гостивар 4 јануари 2026 (МИА) – Поголема количина боева муниција, рачни гранати и мини биле најдени во гостиварско на трасата каде што поминува Коридорот 8. Арсеналот од муниција бил сместен во пластични буриња и закопан во земја. Случајот го пријавиле од градежната компанија во СВР Тетово вчера попладне (03.01.2026 во 18:25 часот).
– Во близина на патот на делницата помеѓу селата Митрови Крсти и Симница, гостиварско, при извршување работни активности – ископ со работна машина багер, вработени во фирмата кој вршела ископ, пронашле две пластични буриња кои биле полни со куршуми, оквири за автоматско оружје, мини и други експлозивни средства, изјави Фатмир Реџепи портпарол на СВР Тетово.
Тој посочи дека местото е обезбедено и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот. Во тек е увид кои го спроведуваат екипи на СВР Тетово и Дирекцијата за заштита и спасување.
згм
Коментарите се затворени.