Невзат Бејта најавува 25 капитални проекти и поголема транспарентност

Гостивар, 5 јануари 2026 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар на повторните избори, Невзат Бејта, на денешната прес-конференција најави проекти и поголема транспарентност за да се спречат злоупотреби во локалната власт. Кандидатот кој е поддржан од коалицијата ВЛЕН посочи дека во неговата програма има 25 капитални проекти кои поврзани со инфраструктурата, кои според него, ќе се реализираат во соработка со централната власт.

На прес-конференцијата, Бејта нагласи дека со неговото доаѓање на чело на општината нема да се спроведува реваншизам кон вработени во општинската администрација без оглед на нивната партиска припадност. Доколку вработените ги извршувале своите должности совесно и чесно не треба да се грижат.

– Одговорноста не ја сносат администраторите, туку нивните надредени, Таравари и Лимани. За случаите на злоупотреба на службената должност како градоначалници кои ги презентирав претходно постојат документи и се доказ ќе биде доставени до надлежните институции за истрага и правда, рече Бејта.

Бејта изјави дека еден од главните приоритети на новото општинско раководство со кое ќе раководи е да се сопрат сите облици на злоупотреба и воедно да се зголеми транспарентноста во општина Гостивар.

   

Невзат Бејта, деновиве ги искористи за средба со граѓаните и во директни разговори им ја презентираше програмата и побара поддршка да гласат за него на изборите на 11 јануари.

згм

 

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar