Почна чествувањето на Водици, жените ја засукаа врвката за градскиот крст

Гостивар, 14, јануари 2026 – Со засукување на црвено-белите конци, започнаа чествувањето на Богојавление во Гостивар. Во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ поголема група гостиварки, верни на традицијата, заедно ја сукаа врвката со која се врзува чесниот (градски) крст.

    

Традиционално, на празникот Василица, жените и девојките се собираат во дворот и ги усукуваат конците вртејќи околу црквата на градскиот плоштад. По завршувањето на обичајот, учесничките се дружеа и седнаа на ручек на заедничка трпеза на љубовта.

Иницијативен одбор „ВОДИЦИ – 2026-Храм на Пресвета Богородица – Гостивар“ потсетува дека церемонијата за прослава на големиот христијански празник Богојавление – Водици ќе започне во понеделник во 11:30 часот. Оттука литијата се упатува кон кејот на реката Вардар, каде што ќе се одржи чинот на осветување на богојавленската вода и полагање на Светиот крст во водите на Вардар.

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar