Започна реконструкција на улицата „Борче Јовановски“

Гостивар, 28 јануари 2026  – Од локалната самоуправа информираа дека започнаа работите на реконструкција и уредување на улицата „Борче Јовановски“, која минува низ централното градско подрачје. Станува збор за кракот кој води од некогашното мало пазарче, па се’ до кејот на Вардар. Заради изведување на градежните работи во наредниве денови оваа улица нема да се користи за автомобилски сообраќај.

Од општина Гостивар посочуваат дека станува збор за проектот кој опфаќа целосна реконструкција на патниот сегмент (коловозот и тротооарите) и поправки на оштететувањата во должина од 250 метри.

– Овој зафат има за цел подобрување на урбаната инфраструктура, зголемување на безбедноста во сообраќајот и создавање подобри услови за пешаците и учесниците во сообраќајот, велат од општина Гостивар.

Оттаму упатуваат апел до граѓаните за разбирање додека се изведуваат градежните работи и се гарантира дека проектот ќе биде завршен во предвидените рокови, во согласност со техничките стандарди.

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar