Гостивар, 28 јануари 2026 – На 87 годишна возраст почина Костадинка Ѓорѓиоска Палазова. Жалната вест ја пренесоа од нејзиното семејство и потврдија дека денеска 28 јануари година почина по кратко болување во Гостивар каде и постојано живееше. Таа на музичката јавност и’ беше позната како доајен на Македонската народна песна. Соработувала со многу значајни композитори и продукциски куќи. Таа ќе биде запаметена и како пеачка која има завидна карирера со снимени близу триста народни песни. Родена е 1939 година, во егесјскиот дел на Македонија и како дете на бегалец доаѓа во Гостивар. Работниот век го помина како просветен работик. Погребот ќе се изврши на утре на 29 јануари на новите градски гробишта во Гостивар.

на овј линк може да слушнете повеќе песни од нејзиниот репертоар
Коментарите се затворени.