Олимпиецот Виктор Петков на прием кај градоначалникот на општина Гостивар

Гостивар, 4 февруари 2026 – Желби за успешен настап и достоинствено претставување на државата и родниот град, му искажа градоначалникот на општина Гостивар на скијачот Виктор Петков кој годинава ќе настапи на Зимската олимпијада. На приемот, градоначалникот, Ваљбон Лимани на Петков лично му посака добар резултат на претстојните натпревари.

– Неговиот успех е гордост не само за Гостивар, туку и за целата држава. Особено е важно што настапот на Виктор Петков на Зимските олимписки игри Милано-Кортина е воедно и големо достигнување во неговата спортска кариера, рече Лимани.

Во разговорот пред заминување на македонските спортисти на ЗОИ, Лимани најави потрајна соработка со спортистите и финансиска поддршка. Градоначалникот Лимани ја потенцира институционална поддршка за младите спортисти и како што истакна, ваквите успеси ја детерминираат инспирацијата на новите генерации да ги остваруваат спортските соништа.

Виктор Петков е член на ски клубот „Сноу спорт клуб“ и во спортската кариера има постигнато значајни резултати. Досега, тој учествувал на пет Светски првенства во скијање, на значајни меѓународни купови и првенства. Негова специјалност се техничките дисциплини

– Се надевам на добар резултат и настап и на овие зимската олимпијада. Честа е голема да се биде дел државна репрезентација, а со тоа и одговорноста, рече Петков пред неговиот прв настап на олимписки игри.

Од неговиот тим потврдија дека Виктор ќе настапи на велеслаломската трка на 14 февруари, а за слаломската ќе се одлучи дополнително. Тој годинава имаше добри резултати на натпреварите во на Јахорина и Купрес (БиХ). Досега, тој учествувал на пет Светски првенства во скијање, на значајни меѓународни купови и првенства. Негова специјалност се техничките дисциплини во скијање.

Виктор утре заедно со олимписката експедиција патува за Италија, неговиот тим, техничката поддршка и опремата се тргнаа еден ден порано.

згм

фото општина Гостивар

 

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar