Амбасадорот на Италија Паоло Палминтери во посета на Гостивар

Палминтери посочи дека улогата на иселениците кои живеат и работат во Италија е значајна и дека тие станале значаен дел од италијанското општество и даваат голем придонес во економијата, спортот и културата.

Гостивар, 6 февруари 2026 – Амбасадорот на Република Италија во Северна Македонија, Паоло Палминтери, денес беше во посета на општина Гостивар и се сретна со градоначалникот Ваљбон Лимани.

На средбата амбасадорот Палминтери ја потврди постојаната поддршка на италијанската држава за Северна Македонија и беше потенцирано зајакнувањето на соработката со општина Гостивар. Амбасадорот пројави интерес за придонес во процесот на образованието и вклучување на италијанскиот јазик во училиштата во земјата, како мост на поврзување меѓу двете земји.

Палминтери посочи дека улогата на иселениците кои живеат и работат во Италија е значајна и дека тие станале значаен дел од италијанското општество и даваат голем придонес во економијата, спортот и културата.

Домаќинот на средбата, градоначалникот Ваљбон Лимани изрази благодарност за посетата и поддршката од Италија. Во разговорот, тој го информираше амбасадорот за актуелните случувања во општината, функционирањето на администрацијата по последните локални избори и за предизвиците со кои се соочува локалната самоуправа.

По средбата двајцата оценија дека ова е важен чекор кон продлабочување на меѓуинституционалната соработка и зајакнување на пријателските односи меѓу двете земји.

згм

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar