Промоција: Албумот „Поинаков свет“ на D’REAMERS претставен пред публиката

Скопје, 11 февруари 2026 – По подолго време гостиварска група издаде албум. Десет песни кои се снимани изминативе три години се спакувани во деби албумот на „D’Reamers“ (Дримерс). Промоцијата се одржа Скопје и неа присуствуваа соработници, пријатели и почитувачи на mузичкото дуо кое го сочинуваат Синиша Велјаноски и Јордан Иваноски. Radio G  низ фотографии пренесува дел од атмосферата во Street Pub (Стрит паб)

    

Џејмс и Сини најавја дека парите од продажбата на нивното дискографско издание ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

– Нека овој албум биде симбол на поинаков свет. Да го изградиме тој свет базиран на емпатија, љубов, разбирање. Денес сме тука затоа што верувавме дека можеме. Затоа што не се откажавме кога беше најтешко, со многу вложен труд, време, емоции. Така продолжуваме и во иднина без да бараме ништо за возврат. Додека го одиме овој пат, додека го работиме ова што го сакаме, се што ќе добиеме за возврат во облик на финансии ќе биде донирано, баш како и сега. Затоа што нашето малку за некого е многу, нашето малку за некого е сосема доволно. Заедно, можеме да ја направиме промената која што сега е потребна повеќе од било кога. Заедно можеме да направиме овој албум да помогне таму каде што е најпотребно, рекоа D’reamers на промоцијата.

Доколку сакате да го набавите првиот албум на D’REAMERS и да помогнете во хуманитарниот гест контактирајте ги преку нивните профили на социјалните мрежи или пишете им.

https://www.facebook.com/profile.php?id=100064125726011

 

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar