D’Reamers го промовираат првиот албум „Поинаков свет“ (ВИДЕО)
Гостивар, 11 2026 – Музичкото дуо „D’Reamers“ (Дримерс) го издадоа првиот албум. Парите од продажбата на нивното дискографско издание ќе бидат наменети за хуманитарни цели. Откако во ноември ја издадоа десетта песна, овој гостиварски состав го заокружи материјалот за нивниот деби-албум со наслов „Поинаков свет“. Промоцијата ќе се одржи вечерва во Скопје во 19:00 часот во Street Pub (Стрит паб).
Тука можете да ја слушнете поканата лично од Џејмс и Сини и пораката за нивниот хуман гест со кои ќе помогнат на социјално загрозени семејства.
Коментарите се затворени.