„Бехтел и Енка“: Проектот постигнува добар напредок, Владата ги има платено сите фактури

„Свесни сме дека ова е тежок период за засегнатите, но, поради природата на индустријата во која работиме, честопати постои потреба да го намалиме нашиот персонал за да ги задоволиме оперативните потреби.

Гостивар, 7 март 2026 (МИА) – Проектот продолжува да постигнува добар напредок и потврдуваме дека сите фактури до овој датум се целосно платени од страна на Владата се наведува во одговорот на градежната компанија Бехтел и Енка по повод отпуштањето на педесетина работници од гостиварско тетовскиот регион кои работат на автопатските делници од Коридорот 8. Портпаролката на Бехтел-ЕНКА на барање на Радио ЏИ (RADIO G) во врска со враќените откази на педесетина вработени, ни одговори.

– Горди сме на нашето наследство низ Централна и Источна Европа, испорачувајќи стотици километри големи автопатишта, давајќи приоритет на локалните работници и поддржувајќи ги локалните заедници и бизниси, рече Милошевска.

Таа потврди дека проектот продолжува да постигнува добар напредок и ние остануваме посветени на партнерство со Владата за да испорачаме автопатска инфраструктура што ја зајакнува поврзаноста, ја поддржува локалната вработеност и придонесува за економски раст. Од меѓународната компанија беа јасни и потврдија дека сите фактури до овој датум се целосно платени од страна на Владата.

– Тесно соработуваме со Владата на Северна Македонија за да ги усогласиме градежните активности со тековните национални приоритети. Ова вклучува усогласување на нивоата на работна сила во различни фази од проектот за да се задоволат оперативните потреби, рече Даниела Милошевска портпаролка на „Бехтел и Енка.

Утрово, објавиваме дека педесетина вработени беа револтирани од врачените отказни решенија, а како причина наведоа податок дека државата не ги платила последните финансиски обврски кон меѓународниот конзорциум кои работи на Коридорот 8.

Од компанијата додаваат:

„Свесни сме дека ова е тежок период за засегнатите, но, поради природата на индустријата во која работиме, честопати постои потреба да го намалиме нашиот персонал за да ги задоволиме оперативните потреби. Категорично нема разлика во третманот врз основа на националноста. Демобилизацијата се однесува на мешавина од меѓународни и локални работници со процеси утврдени според видот на договорот.“

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar