Промоција: Elegy and Beyond, прва збирка поезија на Cranky Frankie

Гостивар 18 мај, 2026 – Книжевницата Славица Милошевска, која создава под псевдонимот Cranky Frankie во среда (20 мај) ќе ја промовира стихозбирката „Elegy and Beyond“. Во најавата за промоцијата авторката посочува дека станува збор за книжевно дело кое содржи 52 поеми сместени во две поглавја: Elegy и Midnight Confessions.

Делата се пишувани на англиски јазик. Во рецензијата за книгата рецензентката и книжевен критичар проф. Линдита Адеми ќе наведе содржината се однесува на зборот Вилома, кој како што посочува е единствениот збор за родител кој го губи своето дете.

– Оваа книга е родена од тој збор. Таа е интимен наратив, што се движи меѓу поезијата и сеќавањата, во кој авторката ги отсликува контурите на својот живот по загубата на своето дете — фотографија што не избледува со времето, туку учи да коегзистира со него. Преку стихови лишени од секакви лажни украси, таа се обидува да ѝ даде форма на она што нема форма: отсуството. Како критичар, можам да зборувам во суперлатив за структурата, содржината и тематската кохерентност на книгата; како родител во жал, можам да кажам само едно: книгата ја зборува вистината. , пишува Адеми.

Промоцијата ќе се одржи во малата сала на Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар, 20 мај (среда). Почетокот е закажан во 19 часот.

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar