Средношколци од општина Маврово-Ростуше и Нови сад се дружеа во рамки на проектот „Мирот го бои светот“

Гостивар, 6 април 2026 – Во рамки на проектот „RYCO Superschools“ насловен „Мирот го бои светот“,  триесетина средношколци од СОУ „Маврово-Ростуше“ и приватната гимназија „Живорад Јанковиќ“ од Нови Сад поминаа заедн шест денови низ дружење и меѓусебно запознавање. Во перидоот од 29 март до 3 април 2026 година, во Ростуше се реализираше втората мобилност во рамките на проектот. Во размената учествуваа вкупно 30 ученици – 15 од Нови Сад, Србија, и 15 од Маврово – Ростуше, под менторство на нивните професори Самет Абдули и Драгана Велјаноска.

– Во текот на шесте дена учениците реализираа бројни едукативни, креативни и културни активности насочени кон градење пријателство, меѓусебна доверба и интеркултурно разбирање. Преку интерактивни работилници тие работеа на надминување на стереотипите и предрасудите, развивање асертивна комуникација и поттикнување дијалог помеѓу различните култури, ни рекоа од СОУ „Маврово-Ростуше.

       

Во рамките на програмата беше изработен мурал со пораката „Peace colors the world“, како симбол на заедништво и мир, а беа реализирани и спортски активности што ја зајакнаа тимската работа и солидарноста. Беше одржана и еко-работилница „Промените тргнуваат од нас“, по што учениците потпишаа заедничка декларација за заштита на животната средина и засадија „Дрво на пријателството“ како траен белег на оваа соработка.

Како дел од активностите, учениците имаа можност да ги посетат и природните и културно-историските знаменитости на регионот, меѓу кои: Националниот парк, водопадот Дуф, Мавровското Езеро, пештерата „Шаркова дупка“, Новата и Старата Џамија во Ростуше, како и манастирите „Св. Јован Бигорски“ и манастирот во селото Рајчица „Св. Ѓорѓија Победоносец“

    

Во рамките на размената се одржа и етичка работилница посветена на универзалните вредности – мир, толеранција, емпатија и хуманост, како и културно-уметничка програма исполнета со традиционални песни, ора и заеднички хорски настап на сите ученици. Преку работилницата за традиционална кујна младите ја претставија гастрономијата на реканскиот регион, а дел од подготвената храна беше споделена со локалното население како гест на солидарност.

Учесниците во овој проект искажаа задоволство од резултатите и оценија дека тој покажа дека младите можат да бидат вистински амбасадори на мирот и дека преку соработка и почитување на различностите – мирот навистина го бои светот. Размената заврши со емотивно испраќање на гостите, со порака дека пријателството изградено овие денови ќе продолжи и во иднина.

 

 

 

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar