Заматувањето на Вардар, недоговорност или природна непогода, инспекторите истражуваат
Гостивар, 4 април 2026 – Претпладнево, водите на Вардар низ градското подрачје беа заматени со бела емулзија. Не се познати причини кои доведоа до таквата промена на кавлитетот на водата. Општинските инспекциски служби излегле на терен за да ја утврдат состојбата и причините кои довеле до заматувањето.

– Околу пладне, до нашите служби стигна пријава со фотографски материјали кои укажуваат на загадување на реката Вардар. Општина Гостивар, односно инспекциските служби, се на терен и преземаат мерки за утврдување на состојбата, со цел заштита на нашето најголемо заедничко богатство. Нема да дозволиме нејзино загадување и деградација од нечија неодговорност. Секое прекршување ќе биде санкционирано без компромис – реката Вардар, наведуваат од службата за информирање на општина Гостивар.

Според првичните сознанија, заматувањето е последица на градежни активности кои поврзани со изградбата на Коридорот 8 и изградбата на мост во близина на селото Здуње. Ваков проблем кој траеше едно деноноќие имаше минатата есен. Како причина за заматувањето се испитува и можноста, долготрајните врнежи и со влевањето во Вардар да довеле до енормно заматување.

Коментарите се затворени.