Изложба по повод 18 Април Светскиот ден на културното наследство

Гостивар, 20 април 2026 (МИА) – Со изложба на фотографии од активностите во заштитата културно-историско наследство, НУ „Конзерваторски центар-Гостивар“ го одбележа 18 април Светскиот културното наследство. Пред еден од симболите на градот, Беговата куќа и во нејзината внатрешност, посетителите на изложени фотографии можеа да видат повеќе значајни објекти и фази од нивната заштита. Вработените во центарот, овој ден го посветија на посетителите и групите ученици кои доаѓаа одблиску да се запознаа заштитеното културно-историско наследство. Покрај информациите, вработените поделија и информативни материјали.

       

Цветко Новаковски, директор на Конзерваторски центар посочи дека на ваков начин и преку изложбата се прави обид за своевиден времеплов за откривање на локалните вредности во гостиварскиот крај.

– Во автентичниот амбиент на Беговата куќа и нејзиното предворје на момент прошетавме низ времето и повторно ги откривме вредностите кои го обликуваат идентитетот на нашиот град. Изложбата е визуелен запис за објекти кои се сведоштво за историјата и поврзани со традицијата и духот на Гостивар, рече директорот Новаковски.

      

Домаќинот и координатор на настанот, Аријан Руфати појасни дека избраните педесетина фотографии кои беа изложени освен што потсетуваат на вреднување на културното богатство, на нив може да се забележат и активностите кои центарот ги спроведува за на објектите што кои се под заштита.

– Учениците и посетителите на овие фотографии можат да видат и да се запознаат со нашата работа и објектите за кои се грижиме. Од претходните изложби увидовме дека расте и интересот за посета на знаменитостите, а со тоа оваа изложба и целиот проект добива на значење, вели Руфати. Во рамки на одбележувањето на 18 Април, имаше посети и на неколку објекти низ градот.

згм

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar