Скандалозно … Наместо пари за сработеното, жена добила ќотек

Гостивар, 20 април 2026 – Вчера претпладне во полицискиот билтен е забележан несекојдневен настан поврзан со физички напад врз жена. Според портпаролот Фатмир Реџепи, вчера (19.04.2026-во 11:15 часот во Полициската станица Гостивар, А.О.(43) од Градец, пријавила дека претходниот ден околу 21:30 часот била физички нападната од А.М. од Гостивар.

– Според пријавата, нападот се случил во станот на пријавениот по претходна расправија околу исплата за извршени работни задачи, информира портпаролот на СВР Тетово, Реџепи кој додава дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Неофицијално до расправата дошло откако ги побарала парите како надомест за „генералката“ која ја направила во домот на пријавениот А. М.

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar