Во Гостивар расте опфатот со редовни вакцини

Гостивар, 22 април 2026 – Здравствените работници оценуваат дека опфатот со вакцинација во гостиварско има пораст и интересот на родителите за вакцинирање на децата е зголемен. Во Здравствен дом и службата за службата за вакцинација, се води евиденција за опфатот со вакцинација и податоците кои ги споделија по повод „Европската недела на имунизација“ со ДПТ процентот е 92% додека со МРП вакцина опфатот изнесува 89%. Тоа, споредно со претходните години е показател дека има зголемување.

Лекарот во службата за вакцинација д-р Дафина Богданоска посочи дека една деценија се одбележува Европска недела на имунизација која годинава е опфатена со кампањата „Заштитуваме генерации“ и дека со неа се промовира редовното вакцинирање.

д-р Дафина Богданоска

 

– Можам да се пофалам дека бројката на вакцинирани деца оваа година е зголемен, но наталитетот во општина Гостивар е многу намален. Во 2024 година имавме 466 раѓања, во 2025 – 367. Годинава веќе се запишани 78 деца. Ние како служба сме достапни и стоиме на располагање за сите нејаснотии, типот на вакцината, за начинот на давање, за видовите на вакцините и на тој начин да им овозможиме на родителите да ја донесат одлуката , вели д-р Богданоска.

Таа потсети дека токму заради вакцинирањето се обезбедува подобро здравје на идните генерации и дека на тој начин се искорените заразни болести големата кашлица, детската парализа, туберкулоза, тетанус, сипаници, дифтерија. Во рамки на „Европската недела на имунизација“ посебно организирани тимови со покани по телефон и пишани покани ќе ги потсетат родителите да ги донесат децата за да не се доцни со редовната имунизација.

мед. сестра Линдита Гаши

 

Главната сестра, Линдита Гаши смета дека подигањето на свеста на родителите е многу важна, без оглед каде децата се родени.

– Родителите на новороденчињата кои се родени надвор од нашиот град, низ породилиштата во Скопје и други клиники, треба да дојдат во нашиот оддел за вакцинација и да почнеме со отворање на вакциналниот картон и да продолжи нивниот редовен календар, вели Гаши.

 

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar