Гостиварец паднал на шумски пат од четирицикл, завршил во болница со тешки повреди
Гостивар, 2 мај 2026 (МИА) – Гостиварец се здобил со тешки повреди по пад од четирицикл додека се возел во шумски предел. Случајот бил пријавен откако повредениот бил пренесен во ургентниот центар вчера попладне околу 14 часот,
– Во ОВР Гостивар е пријавено дека кај нив е донесено повредено лице по пад од возило. По извршените проверки утврдено е дека се работи за Е.К.(27) од Гостивар. Имено тој, управувајќи четирицикл без регистарски ознаки и без возачка дозвола на шумски пат помеѓу селата Речане и Дуф, изгубил контрола и паднал при што се здобил со тешки телесни повреди, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.
Тој потврди дека за настанот е известен јавен обвинител. На местото на несреќата екипа од ОВР Гостивар извршила увид за да се утврдат поединости и околностите кои довеле до неа.
згм
Коментарите се затворени.