Трагедија во Скудриње: Тракторист загинал откако се превртел со приколка

Гостивар, 21 мај 2026 (МИА) – Едно лице го загубило животот од повредите задобиени по превртување на трактор со приколка. Според портпаролот, на СВР Тетово, несреќата се случила вчера околу 14 часот во атарот на долнореканското село Скудриње.

– Во Полициското одделение Ростуше е пријавено дека во селото Скудриње, на место викано „Мустана нива“, бил пронајден починат М.С.(67) од истото село. Според пријавеното, М.С. управувал трактор со приколка, при што изгубил

контрола и се превртел, вели Фатмир Реџепи портпарол на СВР Тетово.

Од здобиените повреди, М.С. починал на местото, а лекар констатирал смрт. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гостивар, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

згм

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar