Промовирана првата збирка на поеми „Elegy and Beyond“ на Cranky Frankie (Славица Милошевска)

Гостивар 20 мај, 2026 – Книжевницата Славица Милошевска, која создава под псевдонимот Cranky Frankie во среда (20 мај) ќе ја промовира стихозбирката „Elegy and Beyond“. Публиката имаше можност да слушне една несекојдневна и до срж искрена емоција која авторката ја ставила на хартија, изразувајќи се на англиски јазик.

      

Милошевска во обраќањето пред публиката која дојде во малата сала на центарот за култура „АСНОМ“ кажа дека книгата е мапа на сè што чувствувала, сакала, изгубила и преживеала. Додека процесот на пишување на поемите значелео повторно чекорење на местата кои ги избегнувала.- Соочување со раните, признанијата, галење на спомените кои одбиваат да си заминат, копнежот и многуте неодговорени прашања. Но, како истите се групираа во зборови, така добиваа сила, јасност и прецизност во хаосот и ја создадоа колатералната убавина на целата моја приказна. Elegy and Beyond е напишана за секој кој чувствувал премногу, љубел предлабоко, или продолжил кога тоа било невозможно. Моите зборови се доказ дека ранливоста не е слабост. Напротив, таа е уметност, таа е трансформација. Оваа книга за мене е од голема важност затоа што во самиот процес на пишување сите овие години, ја држев мислата дека создавам нечиј спомен што мене ќе ме надживее. Се надевам дека оваа книга ќе ви пријде нежно и ќе најде сидро во вас. Доколку од денешниот настан понесете нешто, тоа нека биде мал потсетник дека и најдлабоката тага може да направи простор за малку светлина, рече Милошевска.

       

Поемите во збирката се пишувани на англиски јазик. Во рецензијата за книгата рецензентката и книжевен критичар проф. Линдита Адеми ќе наведе дека содржината се однесува на зборот Вилома, кој како што посочува, е единствениот збор за родител кој го губи своето дете.Нејзината рецензија пред публиката ја прочита актерот и режисер Ѓорѓи Нешкоски.- Како критичар, можам да зборувам во суперлатив за структурата, за содржината … Како родител во жал, можам да кажам само едно. Книгата ја зборува вистината. Се затекнав себеси како често паузирам, не поради книжевна тежина, туку затоа што зборовите толку блиску го одразуваат моето сопствено искуство. Оваа книга ме потсети колку е кревок животот, колку лесно ја претставуваме трајноста на моментите кои всушност се неподносливо кратки. Ме потсети дека држењето за име, за допир, за сеќавање … не е слабост, туку е посветеност и дека не станува збор само за надминување на загубата, туку и за нејзиното носење со достоинство, рече Нешкоски во име на рецензенткатаКнижевното дело кое вечерва беше промовирано содржи 52 поеми сместени во две поглавја: Elegy и Midnight Confessions. Станува збор за самостојно издание кое авторката сама го финансира.

згм

 

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar