Обвинителство ги чека резултати за исправноста на водата за да преземе мерки
Гостивар, 19 јули, 2026 – Во низата настани кои се поврзани со водата од градскиот водовод и здравствените тегоби на гостиварци ја проследуваме и оваа информација која доаѓа од институциите кои истражуваат. Утврдувањеето на исправноста на водата за пиење ќе потрае до утре по што, како што се наведува, истрагата ќе добие нова насока
Основното јавно обвинителство Гостивар е во постојана координација со Институтот за јавно здравје, каде по наредба на јавен обвинител се вршат анализите и испитувањата на квалитетот на примероците од водата во гостиварскиот водовод.
Според најавите, резултатите треба да бидат готови утре и да бидат доставени до надлежното обвинителство, по што ќе се донесе одлука за натамошниот тек на постапката, а јавноста ќе биде известена. Во меѓувреме, по наредба на јавен обвинител, локацијата во Вруток и натаму е обезбедена.

Коментарите се затворени.