Еврејската заедница во Македонија донираше над 10 илјади литри вода за гостиварци
Гостивар, 23 јули, 2026 (МИА) – Лицата со посебни потреби и социјално загрозените семејства во Гостивар добија над десет илјади литри пакувана вода за пиење, како донација од Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и Еврејската заедница во Република Македонија. Претставниците на фондот и еврејската заедница, попладнево, со волонтери и граѓани посетија седум локации и поделија пакувана вода.

– Ова е гест на пријателство и помош до сите кои се најдоа во мака и се зафатени од епидемијата. Решивме во првата тура, тоа да бидат оние кои не можат сами да се снабдат со вода. Во прв ред институции кои згрижуваат и хуманитарни здруженија. Понатаму зависно од барањата и потребите ќе донираме уште, рече Горан Садикаријо, директор на фондот на холокаустот на евреите од Македонија.

Денес, палети со вода беа донирани во: Центар за социјални услуги во домот и заедницата, Блу пазл служба за функционална процена на деца и млади (деца со аутизам), во црквата, Успение на пресвета Богородица, Саат-џамијата, Дневен центар за деца со посебни потреби, општа болница „Ферид Мурад“ и црковната заедница св. Петка Гостивар.

згм
фото МИА
Коментарите се затворени.