Од утре дозволен спортски риболов низ гостиварско
Гостивар, 4 февруари 2021 Љубителите на спортскиот риболов од утре ќе може да ловат риби во реките низ гостиварскиот регион, Радика и Мавровско езеро. Дозволени денови за риболов ќе бидат петок, сабота и недела, а рибарите ќе треба да поседуваат риболовна дозвола и да имаат платена членарина.
Почетокот на новата риболовна сезона го најаваија од спортското риболовно здружение „Баш Вардар“ кое е концесионер на водотеците низ гостиварско. Од здружениеото ги информираат спортските риболовци дека дозволени денови за риболов се претстојните три дена од викендот.
– Риболовците треба строго да се придржуваат кон правилата, а оние што ќе бидат фатени во незаконски риболов ќе бидат санкционирани со прекршочните мерки предвидени со Законот за риболов, информира Енес Сејдини, секретар на здружението. Баш Вардар – Гостивар
Тој посочи дека љубителите на спортскиот риболов треба да ги почитуваат мерките за заштита на животната средина и мерките за заштита од пандемијата Ковид 19.
Риба ќе се лови и на територијата на националниот парк „Маврово“. Од таму за утре го најавуваат стартот на сезоната за спортски риболов на Мавровско Езеро и Радика. Денови дозволени за спортски риболов на Мавровско Езеро од 5 фвруари до 31 октомври се: петок, сабота, недела и државни празници. Од 1 јуни па до 31 октомври, риболовот ќе биде дозволен секој ден сите видови риби. Во периодот од 01.10.2021 до 31.10.2021 спортскиот риболов на Мавровско Езеро ќе биде дозволен секој ден за сите видови риби освен за пастрмка која тој период е во природен мрест. Ловењето на риби по реката Радика и нејзините притоки ќе биде дозволено од утре сè до 30.09.2021 во деновите: петок, сабота, недела и државни празници.
Од НП Маврово потсетуваат дека риболовни дозволи можат да се купат и преку електронски систем на https://npmavrovo.mk/buy/130.
Покрај дозволата секој спортски риболовец мора да има легитимација за спортски риболов со платена членарина за тековната година.
Минатиот месец на територијата на НП „Маврово“ беше извршено порибување со подмладок. Рибниот фонд во Мавровското езеро беше обновен со 200 кг крап и 100 кг поточна пастрмка, а Радика со 100 кг поточна пастрмка (salmo faroides) .
з. г. м.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.