Од сообраќај исклучени 14 технички неисправни возила
Гостивар, 9 март 2021 (МИА) Полицијата санкционирала 14 возачи и ги исклучила од сообраќај заради неисправни сопирачки и системи за управуавње додека возеле по полошките сообраќајници.
Според СВР Тетово, вчера (8 март) од 9 до 13 часот, на подрачјето на СВР Тетово била спроведена засилена акциска контрола за техничка исправност на возилата. При контролата биле откриени и санкционирани 14 технички неисправни возила (4 на тетовското и 10 на гостиварското подрачје).
Наjмногу од неисправните – 9 возила (ТЕ-3 и ГВ-6) имале неисправни сопирачки, кај 3 (ГВ) констатирана е неисправност на уредот за управување и други недостатоци. Возилата биле исклучени од сообраќај, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.
При контролата, исто така, санкционирани се 3 возачи (ТЕ-1 и ГВ-2) кои ги управувале возилата без дозвола, 1 возач-почетник поради непочитување на законските ограничувања и 9 други видови прекршоци на возачи.
Регистирани биле и непочитувања на правилата за паркирње на возила. Санкционирани се сопственици на 15 непрописно паркирани возила (ТЕ-4 и ГВ-11). На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и зависно од видот на прекршокот ќе се соочат со парични глоби од 45 до 400 евра во денарска противвредност.
з. г. м.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.