Одобрен меѓуопштинскиот план за управување со отпад
Гостивар, 9 март 2021 Совет на општина Гостивар го изгласа Регионалниот план за управување со отпад предложен од Меѓуопштинскиот совет за управување со отпад за полошкиот регион.
Во диксусијата на седницата на советот, претставниците кои го изготвија планот нагласија дека тој се базира на разговорите меѓу општините и иницијативата„ Стоп Русино “ и беше на разгледување и одборување од Министерството за просторно планирање и животна средина.
Планот предвидува, покрај собирање и управување со отпад, да се определи и нова локација за депонија и санирање на постоечката која се наоѓа на територијата на Гостивар.
Според најавите, планот треба да се спроведе во три фази. До 15 мај, депонијата ќе има регулиран влез, вага за мерење на камионите со отпад, контрола на отпадот, а забрането ќе биде депонирање на медисцински. Посебна мерка ќе биде засштита од палење на сметот, што треба да го спроведе новоформираното јавно претпријатие „Русино-Полог“.
з. г. м.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.