Десет стипендии за млади спортисти
Гостивар, 5 февруари 2021 Десет млади спортисти од Гостивар од денес па до крајот на годината ќе добиваат стипендии од општина Гостивар како поттик да продолжат да се занимаваат со спорт. На приемот кај градоначалникот на општина Гостивар, младите спортисти заедно со нивните родители, ги потпишаа договорите за стипендирање во износ од три илјади денари месечно.
Градоначалникот Арбен Таравари на младите спортисти им посака спортски успеси и најави дека поддршката ќе продолжи.
“ Поддршката од општината за личности кои го прават горд Гостивар никогаш нема да изостане. Бројот на стипендисти од областа на спортот што ќе биде поддржан од Општина Гостивар, следната година ќе се зголеми за двојно. Верувам дека уште оваа година ќе имаме можност да ја зголемиме оваа бројка за уште пет стипендии за исто толку спортисти“, рече градоначалникот Таравари.
Благодарност за поддршката искажаа родителите и младите спортисти кои во разговорот со градоначалникот истакнаа дека оваа помош ќе го олесни товарот на финансирање на спортски кариери.
Советот на општина Гостивар неодамна донесе одлука со која десет млади спортисти ќе примаат стипендија од 50 евра месечно до крајот на годината. Оваа мерка за директна финансиска поддршка во спортот и младите таленти се воведе за прв пат.
Членот на општинскиот совет Берат Јакупи кој ја поведе иницијативата појасни на кој начин е направен изборот, а најави измени во рангирањето чија цел ќе биде поттик да продолжат и со добри резултати во школувањето.
„Следната година, како критериум за добивање стипендија ќе биде и успехот на младите спортисти во училиште. Тие, исто така, мора да бидат одлични ученици со што испраќањето на пораката до општеството да биде целосна“, подвлече Јакупи.
Стипендистите се млади и талентирани спортисти кои имаат забележителни настапи во матичните клубови и настапуваат во националните првенства во кошарка, скијање, ракомет, карате и фудбал. Врз основа на донесениот правилник, комисија направи селекција и предложи стипендија до крајот на 2021 година да добиваат: Сара Премчевска, Шпат Азизи, Ерион Незири, Беркај Шаини, Лука Срафимоски, Редон Сефули, Валентин Божиноски, Игли Хасани, Даим Мухареми, Амина Абдураими
Правилникот за признанија и награди од областа на спортот беше донесен во октомври 2019 година за да се определат критериумите и поправична распределба на поддршката на спортистите во општина Гостивар.
з. г. м.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.