СЗО ПРЕД ЕДНА ГОДИНА ПРОГЛАСИ ПАНДЕМИЈА НА КОВИД-19, ДОДЕКА ВО МАКЕДОНИЈА ИМАШЕ ДЕВЕТ ЗАРАЗЕНИ

Скопје, (САКАМДАКАЖАМ.МК) Пред точно една година, борбата со коронавирусот влезе во нова, посериозна фаза, откако Светската здравствена организација прогласи пандемија. Ова уследи само ден откако Италија стана прва земја на светот која се стави во карантин, а објаснувањето на СЗО за прогласување пандемија беше дека бројот на заразени на светско ниво во претходните недели се зголемил за 13 пати.

До тој момент, во светот беа регистрирани 125.865 случаи на коронавирус и 4.615 починати. На 11 март 2020, во Македонија официјално беа потврдени девет случаи на зараза и сѐ уште немаше починати.

Иако научниците во меѓувреме развија неколку вакцини против ковид-19, кои се оценети како безбедни и ефективни, на пандемијата не ѝ се гледа крајот и бројките повторно растат во некои делови на светот, вклучувајќи ги и источна и централна Европа, што се должи на ширењето на британскиот, попренослив сој.

365 дена подоцна, Македонија стигна до бројката од 109.262 заразени, додека ковид-19 однесе 3.244 животи.

преземено од СДК целата вест може да ја прочитате тука

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.