За време на полицискиот час околу 300 граѓани побарале дозвола за движење
Гостивар 11 март 2021 За време на првиот ден од полицискиот час во полошкиот регион биле регистрирани околу 300 повици од граѓани кои побарале помош од институциите.
„На бројот 192 беа примени помеѓу 250 до 300 повици кои се однесувале на пружање медицинска помош, набавка на лекови или други потреби за време на полицискиот час што започна синоќа во 22:00 часот и заврши утрово во 05:00 часот“, информираа од СВР Тетово.
Во текот на првата ноќ на полицискиот час немало нарушувања на ограничувањето на движењето од страна на граѓаните на Гостивар или Тетово.
Полицискиот час ќе важи до 22 март. Од СВР Тетово потсетуваат дека со Кривичниот законик за непочитување на полицискиот час предвидена е и затворска казна како санкција.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.