Нападнал сосетка, завршил во полициска станица

Гостивар, 12 март 2021   Гостиварец бил приведен во полициска станица откако бил пријавен дека физички нападнал повозрасна жена од соседството.

Според СВР Тетово, синоќа (11 март) околу 21 часот и 10 минути, полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода А. А. (30). Тој, бил пријавен дека десетина минути пред тоа со дрвен предмет ја нападнал неговата сосетка А.З. (66).  По пријавувањето, А.А. е задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот.

Коментарите се затворени.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

gostivar