Пратеничката Дафина Стојаноска ја отвори канцеларијата во Гостивар

Гостивар, 12 март 2021 Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска од денес ја стави во функција канцеларијата за директни и непосредни контакти со граѓаните за време на нејзиниот мандат. Стојаноска во изјавата за медиумите, најави дека канцеларијата ќе биде отворена за сите кои имаат потреба да се информираат за работата на републичкото Собрание или дадат забелешки, идеи и сугестии.

– Канцеларијата ќе биде отворена секој работен ден со работно време од пет часа. Во тој период сите мои сограѓани, дали преку асистентот или лично можат да дојдат и да ги добијат потребните информации или да дадат предлози и забелешки. Сето она што ќе го порачаат граѓаните, правните лица, граѓанските организации, ќе се обидам да пренесам во собранието и да се најде решение, рече Стојаноска.

Таа, се пожали дека условите не се најсоодветни и апелираше до локалната самоуправа да го реши проблемот со приклучокот за електрична енергија, кој изминатиов период создаваше проблеми во функционирањето и на останатите пратенички канцеларии. Според Стојаноска, недостигот на струја во објектот во кој се сместени канцелариите ја отежнуваше работата и во претходниот мандат, особено во зимскиот период.

з. г. м.

Коментарите се затворени.