Општина Гостивар најавува активности за Денот на екологијата
Гостивар, 18.03.2021 Локалната самоуправа најави повеќе активности со кои ќе се одбележува 21 Март – Ден на екологијата. Во недела и понеделник покрај општинската администрација во одбележувањето ќе бидат вклучени децата, младите и невладините организации.
„Активностите ќе започнат во недела, 21 март, со промовирање на Еко-патролата.
Предвидено е да се промовира мобилниот уред за мерење на загадувањето на воздухот и ќе заврши со засадување дрвја. Вториот ден, во понеделник, ќе се организира работилница со децата од градинките и една со првачињата, а активностите ќе завршат со широка акција за чистење на градот што ќе ја спроведат општинските службеници и вработените во јавните претпријатија“, информира Зуди Џелили – одговорен во Одделението за екологија.
Целта на одбележувањето на Денот на екологијата е подигање свеста на граѓаните за зачување на животната средина и одржување на чистотата.
агенда на активности
21.03.2021 (недела)
11:00 – Промовирање на „Еко патролата“
11:45 – Промовирање на мобилниот уред за мерење на нивото на загадување на воздухот, даден на употреба за одреден период на тестирање од страна на Здружението за услуги и трговија „Информ“ кој потоа ќе биде во сопственост на Општина Гостивар
12:00 – Засадување дрвја (претставници на неколку невладини организации и гости)
22.03.2021 (понеделник)
10:00 – Работилница со деца од градинките
11:00 – Работилница со првачиња
13.00 – Акција за чистење на градот со учесници од општинската администрација и вработените во општинските јавни претпријатија (собирање на учесниците пред општинската зграда).
Коментарите се затворени.