Фатени крадци кои „оперирале“ во регионот Врапчиште
Двајца помлади маж и жена од Албанија се уапсени под сомнение дека извршиле десетина кражби на територијата на општина Врапчиште. Во куќата во која престојувале, полицијата нашла предмети кои потекнуваат од кражбите.
Вчеравечер (22 март) околу 22 часот и 30 минути, во Неготино Полошко, полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Б.Д. (20) и 22-годишната К. Д, двајцата од Република Албанија. Двајцата времено престојувале во куќа на жител од ова гостиварско село
– Поради сомнение дека минатата и оваа година извршиле десетина тешки кражби во поширокиот регион на Врапчиште двете лица се лишени од слобода. При претресот реализиран од 22 до 23 часот, со судска наредба, во просториите во кои престојувале, биле пронајдени и со потврда одземени 42 разновидни предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражбите, наведуваат од СВР Тетово.Парот албански државјани се задржани во Полициската станица Гостивар. Таму се расчистува и документира случајот, а против нив ќе биде изготвен соодветен поднесок со кој ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар.
Коментарите се затворени.