Експлозија во бурекџилница, предизвикана само штета
Гостивар, 23 март 2021 Експлозија предивикана од палење на гас предизвикала помала штета во бурекџилница што се наоѓа во близина на гостиварската болница.
Според полицискиот извештај, вчера (22 март) во 16 часот и 20 минути, А.А.(55) од гостиварско Дебреше, сопственик на бурекџилница во СВР Тетово пријавил дека локалот на улица „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар се случила експлозија. До неа дошло најверојатно од истекување на гас во просторијата во која се наоѓале печките. Повредени лица нема, а увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.
Коментарите се затворени.