За тепачки и кавги во гостиварско, пријавени 82 лица

Гостивар, 28 април 2021 За нарушување на јавниот ред и мир од почетокот на годината полицијата напишала 67 барања за прекршочна постапка против осумдесетина лица. Физичките напади и тепачките се најчести прекршоци кои се случувале на улица и во угостителски објекти.

Според анализата на СВР Тетово за првото тримесечје од оваа година во гостиварскиот регион регистрирани се вкупно 63 нарушувања на јавниот ред и мир и процентуално е помалку во споредба со истиот период на минатата година.

            – Најголемиот број од нарушувањата, односно прекршоците се целосно расчистени и заокружени со 67 барања за поведување на прекршочна постапка против 82 сторители. Меѓу прекршоците во јануари, февруари и март годинава, најбројни се физичките напади (33), тепачките 4, а регистрирани се и 6 случаи на карање, дрско и непристојно однесување, како и седум случаи на агресивно однесување кон службено лице, наведуваат од СВР Тетово.

            Најчесто место на случување се улицата и угостителските објекти во град, а биле извршени со поединечно учество на сторителите, најчесто од машки лица.

Во овој период немало нарушувања на ЈРМ во училиштата и другите образовни институции.

згм     

Коментарите се затворени.