По вандализмот, спортско-рекративниот центар во Гостивар ќе го чува приватно обезбедување
Гостивар, 18 мај 2021 Приватно обезбедување ќе ја чува опремата во новоотврениот спортско рекреативен центар. Ваквиот чекор на локалната самоуправа, првиот човек ја правда откако за кусо време опремата и реквизитите беа на два пати цел на вандали. Искорнати делови од тартан патеката, исечени душеци под вештачката карпа, искршени реквизити и друга опрема беше тема на која засилено се коментира по социјалните мрежи.
Градоначалникот Арбен Таравари е револтиран од постапката и се сомнева дека некој тоа намерно го прави, бидејќи некому, како што рече, не одговра да има убави работи. Тој побара институциите да ги спроведуваат обврските за кои се надлежни и да ги најдат сторителите.
– Не би сакал да верувам дека ова е смислено во некој штаб на политичка партија, пред изборите. Но, како и сé во оваа држава, кога не функционираат училиштата, децата ги праќате во приватно, државните болници не се ниво, барате чаре во приватните.Така и во овој случај ќе постапиме. Не можеме да добиеме заштита од државата, тогаш ќе платиме приватно. На тој начин ќе го заштитиме имотот, иако тоа е обврска на полицијата, рече Травари.
Од минатото лето Гостивар има еден од најмодерните спортско-рекреативни центри во Северна Македонија. Реализацијата на овој проект чини 250 илјади евра. Од нив, 50 илјади ги обезбеди Швајцарската агенција за развој (SDC), а 200 илјади евра се од буџетот на Општина Гостивар.
Подлогата по целата површина е од посебен вид на гума(тартан), има и патеки за движење на лица со посебни потреби и повозрасни. За рекреација поставени се вештачки карпи за качување и справи за вежбање.
згм
Коментарите се затворени.