Стивнува пандемијата во Гостивар, на лекување во болница се осум лица
Гостивар, 18 мај 2021 Почитувањето на мерките значително го намалија бројот на нови случаи на коронавирус во Гостивар. До денес на Инфективното одделение се лекуваат осум заболени од кој еден е во посерозна состојба, сите други се со полесна клиничка слика.
„На одделот за инфективни болести денес имаме 8 пациенти, од кои едниот е на постојана кислородна поддршка, а тројца повремено добиваат кислородот. Инаку, сите генерално се во добра здравствена состојба, изјави Ратко Наумоски, раководител на Инфективното одделение во Гостивар.
Вчера, по подолг временски период, во Гостивар не беше регистриран нов случај на Ковид 19, а според статистиката, четворица пациенти беа регистрирани како излекувани, а еден 78-годишник почина. Раководителот на Инфективно одделение во Гостивар, Ратко Наумовски, рече дека пациентот кој починал првично бил добро, но последните денови неговата здравствена состојба е влошена.
Инфектологот Наумоски осценува дека состојбата со пандемијата во гостиварско се смирува, што го покажува и дека бројот на позитивни случаи е значително намален. Помал број и на тестирања има во Центарот за јавно здравје. Во моментов во општина Гостивар, Врапчиште и Маврово – Ростуша има околу 100 активни случаи на коронавирус.
Коментарите се затворени.