Момче од Ростуше се удави во Радика
Гостивар, 20 мај 2021 Помлад жител на долнореканското село Ростуше го загуби животот со давење во водите на Радика. Телото било извадено во близина на селото Јанче. Според неофицијални информаци станува збор за Благојче А. кои соселаните последен пат го видел во близина на ростушки мост, по што му се губи секоја трага.
Според СВР Тетово, вчера во попладневните часови (19.05.2021 во 17.00) часот во Полициското одделение Ростуше било пријавено дека по течението на реката Радика, на место викано „Влог“, општина Маврово и Ростуше, било пронајдено телото на Б.А.(22) од село Ростуше.
По пријавата била повикана екипа на Противпожарната единица-Дебар го извадила телото од реката, а лекар констатирал смрт. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар и Јавен обвинител, по чија наредба телото било дадено на обдукција.
Починатото момче потекнува од социјално загрозено семејство со нарушени односи, а често пати соселаните го помагале и се грижеле за него. Погребот е закажан за попладне. згм
Коментарите се затворени.