Печалбари донираа возило за превоз на лица со посебни потреби
Гостивар, 22 мај 2021 Двајца браќа печалбари донираа специјално возило со кое се овозможува трнаспорт на лица кои за движење користат инвалидска количка. Во објавата на неговиот фејзбук профил, градоначалникот Арбен Таравари изрази благодарност до сограѓаните кои работат и престојуваат во Швајцарија.
– Од мое лично име и името на граѓаните на Гостивар, изразив голема благодарност до овие двајца млади луѓе за хуманиот чин и нивниот придонес, напиша градоначалникот на Гостивар Таравари.
Возилото е прилагодено за превоз на едно лице. Задниот дел е преуреден на начин што ќе овозможи полесно влегување во автомобил и транспорт на подолги дестинации.
По завршувањето на формалностите околу регистрирањето, тоа ќе биде ставено во функција за потребите на граѓаните. згм
Коментарите се затворени.