Втор протест на иницијативата „Учебници и настава мора да има“

Гостивар 26 мај 2021 Попладнево на платото пред општинската зграда се одржа вториот протестен собир што организираше граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ против најавената дигитализација на учебниците. На собирот на кој беа дојдени родителите, просветни работници и деца беше испратена порака дека Министерството за образование не ги разјасниле во целост најавенате реформи и дека класичните учебници треба да бидат примарно средство од кое учениците ќе учат.

Во обраќањата на говорниците беше кажано дека за новиот закон разбрале од медиумите, а родителите јавно прашаа како министерката Царовска без консултација со нив, без истражувања и анкети се одлучила на таков радикален чекор во образованието.

– До сега никој од МОН не излезе со конкретно образложение на концепцијата. Со одговорите, досега не можат да нè убедат дека реформите се добри за нашиот образовен систем. Во однос на дигитализацијата, нè направија дека имаме заостанати размислувања и дека ги попречуваме актуелните трендови во развиениот свет. Погрешно нè сфатија, ние велиме: да има дигитализација, но без отфрлање на хартиените учебници и тие да останат примарно средство за учење на децата, беше речено на протестот.

Дел од родителите во обраќањата на протестот во Гостивар посочија анализи на психолози и очни лекари за штетноста од прекумерното користење на електронски пред сè во развојот, здравјето и социјализацијата кај децата. За говорниците проблематично се воведувањето изборен предмет Сексуално образование, укинување на Етика на религиите и спојувањето на повеќе предмети во еден. згм

Коментарите се затворени.