Буџетот на Општина Гостивар во првиот квартал има 23 проценти реализација
Гостивар, 31 мај 2021 Реализацијата на буџетот на општина Гостивар за првото тримесечје и покрај пандемијата е задоволителна. Ова беше дел од образложението кое се најде пред советниците на последната седница на советот. Годинава, реализација во првиот квартал е 23 проценти, што споредено со лание е за 3 проценти повеќе од лани.
Садри Елези од Секторот за финансии и буџет во образложувањето пред советниците посочи дека состојбата е во рамки на предвдувањата и и ја искористи приликата да упати апел до граѓаните навреме да ги плаќаат општинските даноци -Како што се зголемуваат приходите во буџетот, ние ги зголемуваме и капиталните инвестиции, рече Елези.
Точката за спроведување на Првиот квартал на Буџетот на Општина Гостивар помина со мнозинство гласови од советниците.
Коментарите се затворени.