Пола Гостивар без струја, оштетен подземен кабел

Гостивар, 9 јуни 2021 (МИА)  Заради оштетување на подземен кабел, поголем дел од гостиварското подрачје беше без струја. Прекинот траеше речиси два часа и нема прецизни информации за причините што го предизвикало.

Од ЕВН, на прашањето на Радио Г испратено во 18:55 часот ни беше одговорено:

-Неколку гостиварски населби попладнево останаа без електрична енергија. Екипите на Електродистрибуција веднаш излегоа на терен. Истите констатираа дека се работи за дефект на подземен кабел и затоа потребно e малку повеќе време за санација, наведоа од ЕВН.

            Од таму појаснија дека, работеле во интерес на корисниците, па независно од времето на санацијата, како алтернативно решение, да се префрлат кон алтернативни напојни точки.

Во 20:50 снабдувањето со електрична енергија беше нормализирано.

До дефектот, според неофицијални информации дошло при изведување на ископ со градежна машина на место каде поминувал подземен кабел. Сличен дефект беше регистриран и пред две недели, кога багер при ископ оштети високонапонски кабел на градилиште.

згм

Коментарите се затворени.