Започна реконструкција на локалниот пат Зубовце-Врапчиште
Гостивар, 14 јуни 2021 (МИА) Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот на општина Врапчиште, Исен Шабани извршија увид на работите за реконструкција на патниот правец до село Зубовце, кој се реализира преку проектот за “Поврзување на општините со локaлни патишта”. Проектот е вреден единасет ипол милиони денари и да биде завршен за половина година. Министерот Бочварски за посетата овој регион напомена дека е дел активностите поврзани со реалзација со, како што рече, еден од најзначајните проекти за граѓаните, реконструкција на улиците и локалните патишта.
Во рамки на посетата на општина Врапчиште, министерот Бочварски оствари средба со градоначалникот Исен Шабани и го потпишаа договорот за реконструкција на локалниот пат до село Зубовце, инвестиција од 11,5 милиони денари. Станува збор за патен правец од 2 километри, а работите се очекува да завршат за седум месеци. Реконструкцијата е на барање на локалните жители и со неговата санација ќе се обезбеди подобра комуникација меѓу селата Зубовце и Врапчиште, а ќе придонесе и за поголема безбедност. Во разговорите со локалното население и преставниците на локалната самоуправа министерот Бочварски се разгледале и состојбите со проекти од локално значење за граѓаните и општината.
– Во овој момент со општината работиме и на реконструкција на водоводната мрежа за село Врапчиште, проект вреден 20 милиони денари. Со него е предвидено проширување на водоводна мрежа со што ќе се покријат сите делови на селото кои се во согласност со новиот урабинистички план за селото Врапчиште, нагласи министерот Бочварски
Тој напомена дека Владата активно работи и на проектите за изградба на Коридор 8. Низ оваа општина поминува автопатот Тетово- Гостивар, за кој е предвидено модерно автопатско решение со уште една автопатска лента во правец Гостивар Тетово.
згм
Коментарите се затворени.