Започнаа уписите за полуматурантите, уписниот рок трае до четврток
Гостивар, 14 јуни 2021 Во четири средни школи има место за упис на близу 1.600 ученици. Бројот на средношколци, оваа година ќе биде помал.
Четири дена откако беше означен крајот на учебната година, дворовите и холовите во училиштата повторно се наполнија. Штотуку завршените полуматуранти и нивните родители ги поднесуваа потребните документи. На првиот ден од почетокот на уписите за учебната 2021/2022 имаше раздвиженост. За разлика од лани, протоколите за заштита беа порелаксирани.
Најмногу слободни места има во средното техничко 637. Во гимназијата може да се запишат 374, а во медицинското и средното економско по 272 завршени основци.
Минатата недела од секторот за образование информираа дека полуматурантите кои се запишуваат по прв пат, потребните документи треба да ги поднесуваат од 14 до 17 јуни.
Освен порелаксираните мерки за заштита, уписите оваа година ги карактеризира и помалиот број на слободни места. За учебната 2020/2021 отворени беа вкупно 1.938 слободни места за упис во прва година. Намалувања на бројката има во сите училишта, освен во средното медицинско.
Коментарите се затворени.